Франција повторно не му овозможи азил на Сноуден

37

Нема причина Франција да ја промени својата одлука од 2013 година, кога одби да му даде азил на поранешниот официјален претставник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден, изјави францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан.

Сноуден рече дека кога неговите мемоари беа објавени во 20 земји, вклучително и Франција, тој побарал азил во Франција за времето на Франсоа Оланд во 2013 година, но дека се надева дека барањето сега ќе му го одобри претседателот Емануел Макрон.

Десетина земји веќе го отфрлија неговото барање за азил, потсетуваат агенциите. Сноуден засега живее во егзил во Русија.