Франција забранува диви животни во циркусите

44

Француските власти најавија дека постепено ќе забранат употреба на диви животни во патувачките циркуси, како дел од новите мерки за заштита на животните.

– Нашиот став кон животинскиот свет се промени – изјави вчера министерката за екологија Барбара Помпили, најавувајќи и забрана за одгледување на видри поради крзно и чување на делфини и орки во заложништво во морските паркови.

Водечките групи за заштита на животните го поздравија овој потег како историска победа, пишува Би-би-си.

По спроведувањето на новите мерки, во патувачките циркуси повеќе нема да има мечки, тигри, лавови, слонови и други диви животни. Сепак, властите истакнаа дека правилата нема да важат за зоолошките градини.

Помпили исто така рече дека три француски аквариуми повеќе нема да можат да одгледуваат и примаат нови делфини и орки и дека нема да се градат нови морски аквариуми.

Министерката најави пакет од 8 милиони евра помош за циркусите и морските паркови за успешно прилагодување на новите мерки и за изградба на живеалишта за животните кои сега се во заробеништво.