Франција го одбележува Денот на падот на Бастилја со зголемен воен буџет

274

Францускиот претседател Емануел Макрон потпиша нов воен буџет пред денешната воена парада која во Париз се одржува по повод националниот празник Данот на падот на Бастилја.

Новиот буџет за армијата предвидува зголемување на расходите за одбрана на два отсто од БДП, како што му беше ветено на НАТО. Овој потег е долго планиран, нп следува после самитот на НАТО во Брисел на кој претседателот на САД Доналд Трамп ги критикуваше сојузниците дека не издвојуваат доволно пари.

На свеченоста учествуваат борбени авиони кои изведуваат акробации над Париз, а војниците маршираат до Елисејската палата.

Во цела Франција денеска се распоредени 110.000 припадници на безбедносните сили задолжени за сигурност за време на прославата на Денот на Бастилја, откако пред две години во Ница беа убиени 86 луѓе.