Фото: Палестинците протестираат, ја поминуваат безбедносната ограда- 20 лица повредени

893

Отворањето на американската амбасада во Ерусалим го задоволи Израел, но Палестинците се незадоволни и протестираат.

Амбасадата на САД денеска ќе се пресели од Тел Авив во Ерусалим откако Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел, потег кој ја промени децениската политика на САД кон спорниот град.

САД ќе бидат претставени од помошникот државен секретар Џон Саливан, придружуван од ќерката на претседателот Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кој е советник во Белата куќа.

Американскиот потег доаѓа во многу чувствително време кога Палестинците секоја година на 15 мај се жалат поради создавањето на Израел пред 70 години и кога изминативе недели десетици Палестинци загинаа под израелски оган долж границата на Газа.

Како што јавува Ал Џезира, Палестинците во појасот Газа се подготвуваат да ја преминат израелската безбедноста граница. а досега најмалку 20 демонстранти се повредени.

Палестинците минатата недела се заканија дека се подготвени да ја разбијат безбедностана ограда и да ризикуваат со смрт. Денешниот собир е дел од неколкунеделните протести кои започнаа на 30 март, барајќи палестинските бегалци да се вратат во областите од кои биле присилно протерани во 1948 година.

Со децении САД не заземаше никаков став кон Ерусалум, надевајќи се дека контроверзните територијални тензии ќе бидат решени со израелско-палестински мировни разговори.