ФОТОВЕСТ

40

Демонстранти, предводени од движењето „Жолти елеци“, повторно излегоа на улиците во Париз и во другите француски градови, да протестираат против политиката на Владата и против претседателот Емануел Макрон. Француската полиција соопшти дека е регистрирана помала мобилизација на демонстрантите, во споредба со претходните четири викенди. Демонстрациите се случија само пет дена по мерките обелоденети од Макрон за зголемувањето на куповната моќ, по што се отвори голема дебата во Франција.