Фон дел Лајен го напушти самитот на ЕУ, дознала дека имала контакт со позитивен

110

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека го напушта самитот на Европската унија во Брисел, помалку од еден час откако започна, затоа што била во контакт со некој што бил позитивен на ковид-19.

Таа на Твитер напиша дека е негативна на вирусот.

– Само што ме известија дека еден вработен од мојата канцеларија е позитивен на ковид-19. Јас сум негативна. Сепак, како претпазливост, веднаш го напуштам самитот и одам во самоизолација – напиша таа.