Финска го презема од Романија претседавањето со Советот на ЕУ

32

Финска од денеска го презема ротирачкото претседавање со Европската Унија. Ова ќе биде трет пат Финска, по утврдениот распоред, како земја-членка да дојде на челото на Советот на ЕУ.

Финска шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ го презема од Романија, а на 1 јануари во 2020 година, ќе ѝ го предаде на Хрватска.

Пред преземањето на претседатството, Финска најави дека нејзината програма се заснова на социјалната, економската и еколошката одржливост на Европа.