„Фејсбук“ и „Твитер“ ги здружија силите против Трамп

80

„Фејсбук“ првпат избриша објава на американскиот претседателот Доналд Трамп, велејќи дека ја крши политиката против ширење дезинформации за коронавирусот, а „Твитер“ го ограничи пристапот на неговата кампања до нивната платформа, пренесува „Њујок пост“.

На објавата се наоѓа и видео во кое Трамп во интервју за „Фокс њуз“ вели дека децата се речиси имуни на ковид-19.

– Ова видео вклучува лажни тврдења дека група луѓе се имуни на ковид-19, што претставува кршење на нашите правила за штетни дезинформации за ковид – се вели во соопштението на „Фејсбук“.

Ова е првпат „Фејсбук“ да отстрани објава на Трамп наместо само да ја обележи, како што правеше во минатото.

Истиот видео-клип беше објавен на Твитер од кампањата на Трамп, а потоа беше реобјавен на главниот профил на Трамп. „Твитер“, кој и претходно имаше судир со Трамп, го ограничи пристапот до пораката на платформата во средата вечерта и додаде известување во кое се вели дека објавата ги крши нејзините правила.

„Твитот од @ТеамТрумп, ги крши правилата на Твитер за дезинформации за Ковид-19. Од сопственикот на сметката ќе се бара да го отстрани твитот пред да може повторно да објавува“, рече портпаролот на компанијата.

Кортни Парела, портпарол на кампањата на Трамп, рече дека претседателот навел факт дека децата се помалку подложни на коронавирусот.

– Нов ден, нов приказ на флагрантната пристрасност на Силиконската долина против овој претседател, каде што правилата се спроведуваат само во една насока. Социјалните мрежи не се арбитри на вистината – рече Парела.