Фараж против плановите на Мeј за блиски врски со ЕУ

49

Поранешниот лидер на Независната партија на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж изјави дека се приклучува кон про-Брегзит групата со цел да се спротивстави на планот на британската премиерка Тереза Меј за идните односи со Европската унија.

Меј се залага и по излегувањето на Велика Британија од ЕУ да ги оддржи блиските економски врски со Унијата. 

Предлогот на британската премиерка наиде на „ладен прием“ во ЕУ, а ги налути и приврзаниците на Брегзит. 

Фараж беше еден од клучните заговорници за референдумот за членството на Велика Британија во ЕУ, што беше одржан во 2016 година. 

Тој објави дека ќе се придружи на автобуската турнеја што ја организира групата „Заминување значи заминување“. 

Со тоа, како што наведе, сака да се спротивстави на „кукавичката продажба“ на Меј. 

Велика Британија официјално треба на 29 март да ја напушти Унијата, но преговорите за „разделбата“ се во застој.