Урсула фон дер Лајен ќе ги соопшти имињата од нејзиниот тим

134

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен го заврши составот на својот тим за следните пет години. Таа во ноември ќе го преземе управувањето со извршната власт во Брисел.

Во нејзиниот тим е и поранешниот италијански премиер Паоло Џентилони. Фон дер Лајен, која ќе го замени Жан-Клод Јункер, речиси постигна совршена полова рамноправност во идната Комисија, во која ќе има 14 мажи и 13 жени.

Велика Британија која треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври нема одредено свој кандидат.

Фон дер Лајен утре попладне ќе го претстави списокот со имињата на идните еврокомесари и ќе ги соопшти деталите околу распределбата на одговорностите во новата Европска комисија.

Нејзиниот тим мора прво да биде одобрен од Европскиот парламент.