Ураганот Флоренс предизвика штета во висина од 44 милијарди долари

62

Економската штета од ураганот Флоренс изнесува 44 милијарди долари, проценува компанијата Муди`с.

Според компанијата, штетата е еквивалентна на земјотресот што го погоди Нортриџ во Калифорнија во 1994 година.

Компанијата додава дека ова е прелиминарна проценка, дополнувајќи дека „Флоренс” е меѓу десетте најштетни урагани.

Ураганот „Катрина“ во 2005 година предизвика најголема штета, во вредност од 192,2 милијарди долари, додека минатогодишниот ураган „Харви“ нанесе 133,5 милијарди долари економска штета.