Унгарија воведува специјален имиграциски данок за хуманитарците

40

Унгарското Министерство за финансии соопшти денеска дека хуманитарните групи, што ја поддржуваат имиграцијата мора да платат посебен данок од 25 отсто.

Министерството објасни дека „специјалниот имигрантски данок“ е неопходен затоа што одбраната од илегалната имиграција претставува дополнително оптоварување на буџетот на Унгарија.

Уште не е познато како ќе се наплатува тој нов данок.