Умре Британката затруена со „новичок“

85

Британката Даун Старџес (44), која беше изложена на нервниот агенс „новичок“, завчеравечер починала во болница во Салсбери, Англија. Полицијата поведе истрага за убиство на жената, чија здравствена состојба се влоши во изминатите денови откако беше изложена на 30 јуни. Чарли Роули (45), кој е затруен со истиот нервен агенс, и понатаму се бори за живот во болница, јави Би-би-си.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е шокирана од смртта на Старџес. Инаку, „новичок“ е истиот нервен агенс со кој во март во Салсбери беа затруени бившиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Британија и тогаш и сега прстот го впери кон Русија, која негира каква било одговорност. Москва тврди дека Лондон се обидува да го поткопа успешно организираното Светско првенство во фудбал, кое се одржува во Русија.