Украл автомобил па сфатил дека внатре има бебе

414

Крадец од Орегон украл автомобил, но го сопрел и се вратил назад за да ѝ одржи лекција на сопственичката на возилото која внатре го оставила своето мало дете.

Бизарната епизода се случувала пред една продавница во Портланд, во саботата.

Мајката го оставила своето дете на седиштето во автомобилот кој бил отклучен додека трчала кон продавницата за млеко и месо. Крадецот случајно поминал покрај возилото, скокнал во него и се оддалечил.

Но, тој брзо сфатил дека има добиено повеќе отколку што сакал да земе. Застанал на првата крстосница и се вратил во продавницата, одржувајќи ѝ лекција за родителство на мајката, изјави портпаролот на полицијата, Мет Хендерсон.

– Тој ѝ одржал лекција на мајката затоа што го оставила детето во автомобилот и ѝ се заканил дека ќе повика полиција – рече Хендерсон.

Мајката го грабнала детето по наредба на крадецот, а тој потоа се оддалечил, соопшти полицијата.

Добро е што тој имал доволно пристојност да го врати детето, заклучи Хендерсон.