Убиено блиското семејство на „мозокот“ на нападите во Шри Ланка

292

Таткото и двајца браќа на напаѓач, за кој се верува дека стои зад минатонеделните бомбашки напади во Шри Ланка, беа убиени откако безбедносните сили се инфилтрирале во нивното засолниште, соопштија денеска полициски извори и роднини на загинатите.

Заин и Рилван Хашим и нивниот татко Мухамед, кои на снимка објавена на социјалните мрежи повикаа на целосна војна против неверниците, се меѓу 15-те загинати во петокот, по жестоката престрелка со воени и полициски специјалци, соопшти „Ројтерс“.

Напаѓачот, Захаран Хашим се верува дека е „мозокот“ на бомбашки напади врз цркви и хотели за време на католичкиот Велигден на Шри Ланка, при што загинаа повеќе од 250 луѓе.

Захаран бил предвоник на радикализираната група и ширел екстремистичка идеологија во различни делови на земјата. Се смета дека тој е еден од одговорните и за нападите врз будистичките статуи во централна Шри Ланка, кои се случија во декември.