Уапсен човекот што леташе со параглајдер над теренот за голф на Трамп

85

Шкотската полиција денеска соопшти дека уапсила маж, кој со параглајдер, во знак на протест, летал ниско над теренот за голф каде што американскиот претседател Доналд Трамп играл голф за време на престојот во Шкотскас. 

– Полицијата на Шкотска може да потврди дека 55-годишниот маж беше уапсен во врска со инцидент што се случи кога голем параглајдер полета во близина на хотелот во Тарнбери во петокот околу 21:45 часот – се вели во соопштението. 

Трамп викендот го поминува во својот луксузен хотелски комплекс со голф терени во Тарнбери во западниот дел на Шкотска, подготвувајќи се за утрешната средба со рускиот претседател Владимир Путин. 

Над голф- терените на Трамп, параглајдерот разви протестен транспарент на организацијата Гринпис, влегувајќи во зона забраната за летови, а шкотската полиција вчера соопшти дека се обидува да го пронајде лицето кое управувало со параглајдерот.