Уапсен поранешен американски разузнавач за шпионажа во полза на Кина

47

Поранешниот соработник на американската Воена разузнавачка агенција (ДИА), Рон Роквел Хенсен е уапсен во Сиетл, под обвинение дека и продавал тајни информации на Кина,

Како што соопшти американското Министерство за правда, 58-годишниот Хансен бил уапсен на пат кон аеродромот во Сиетл, од каде планирал да отпатува за Кина.

Хансен, кој е пензиониран офицер на Вооружените сили на САД, се товари дека во 2006 година, кога бил ангажиран во американското трговско претставништво во Пекинг, стапил во контакт со кинески разузнавачи и им пренел информации за поврзани со безбедноста и одбраната на САД.

За „продажбата“ на информациите, Хансен добил најмалку 800.000 долари.