Уапсен маж кој со моторна пила им се заканувал на демонстрантите во Тексас

54

Човек со моторна пила мавтал кон демонстрантите во американската сојузна држава Тексас по што бил приведен и задржан во полиција, објави Ен-би-си њуз.

На видеото кое е објавено на Твитер се гледа маж во црвена маица како мавта со моторна пила кон демонстрантите на плочник пред една продавница. До синоќа, видеото е прегледано речиси милион пати.

Човекот, чиј идентитет не е откриен, на видеото може да се слушне како извикува да се тргнат, додека мавта со моторната пила.

Од полицијата рекле дека човекот е задржан во станица и дека истрагата е во тек. Но повеќе детали нема.