Уапсено лице што го снимило ракетниот напад врз авионот во Иран

643

Иранската револуционерна гарда го уапсила лицето што минатата недела објави онлајн-видеоснимка од ракетниот напад врз украинскиот авион во Иран, пренесува полуофицијалната новинска агенција „Фарс“.

Резултатите од истрагата ќе бидат објавени во јавноста, соопшти агенцијата без дополнителни детали, пренесува „Ројтерс“.

Револуционерната гарда ја презеде одговорноста за ракетниот напад што доведе до соборување на авионот и убиство на сите 176 патници и членови на екипажот.