Уапсени стотина луѓе на протест во Москва, приведен и најпознатиот опозиционер Навални

58

Во Москва се одржуваат протести на опозицијата поради обид на полицијата, наводно, да му подметне дрога на новинарот Иван Голунов. Во нередите уапсени се стотина луѓе.

Полицијата еден ден претходно изненадно ги отфрли обвинувањата за криумчарење дрога, кои претходно ги поднесе против новинарот Голунов, што претставува невообичаен пресврт на властите, кои биле изложени на притисок на јавноста и новинарската професија.

Опозициските лидери одлучиле да продолжат со протестите без оглед на одлуката на полицијата и наспроти предупредувањата на властите дека нивните понатамошни демонстрации се незаконски.

На протестот учествуваше и најпознатиот руски опозиционер, како што го нарекуваат светските медиуми, Алексеј Навални, кој повторно е уапсен.

Голунов беше уапсен минатиот четврток, по што е подигнато обвинение против него и му е одреден домашен притвор. Полицијата тврди дека во неговата торба по претресот на неговиот дом, пронашла поголема количина дрога мефедрон.

Случајот предизвика голем бран солидарност со новинарот, како од независните така и од државните гласила, а на Голунов поддршка му пружија и некои државни функционери.