Уапсени скоро 200 опозиционери пред протестите во Москва

102

Руската полиција уапси стотина луѓе пред канцеларијата на градоначалникот на Москва пред започнувањето на демонстрации преку кои опозицијата бара на нивните кандидати да им биде дозволено да се кандидираат за градскиот совет на Москва, пренесува „Гардијан“.

Апсењата доаѓаа во време кога Кремљ се соочува со проблеми за тоа како да се справи со спротивните гледишта на опозицијата во главниот град со 12,6 милиони луѓе.

Засега, нема информации за поради кои причини се уапсени опозиционерите.

Алексеј Навални, еден од најпознатите опозиционери во Русија, повика на протести и беше казнет со 30 дена затвор за овие повици.

Денес, неколку членови на опозицијата беа уапсени на различни локации во градот, вклучувајќи ги и Илја Јашин, Дмитри Гудков и првиот соработник на Навални, Иван Жданов. Според изворите на „Гардијан“, силно присуство на полицијата може да се забележи низ цела Москва.

Одлуката на изборните органи да забрани кандидатура на некои од кандидатите од опозицијата поради наводнен недостаток на потписи за номинација ја кена руската јавност на нозе и поттика неколку демонстрации овој месец.

Градскиот совет на Москва, кој има 45 места, е одговорен за многу голем буџет, а во моментов е под контрола на најгоема партија Обединета Русија. Изборите за петгодишен мандат во советот се планирани за 8 септември.