Уапсени пет лица поврзани со службеникот кој уби четворица колеги во Париз

37

Во Франција се уапсени пет лица поврзани со мажот кој месецов изврши смртоносен напад со нож во седиштето на полицијата во Париз, откри извор близок до истрагата и со тоа ги потврди претходните извештаи на тамошните медиуми.

Апсењата се случиле во париското предградие Вал д’Оиз.

Мајкл Харпон, 45-годишен информатичар, кој минал на тестовите за безбедност и стабилност на личноста, пред десет дена уби тројца полицајци и еден вработен во париска полициска станица, пред да биде застрелан од друг полицаец.

Харпон е роден на францускиот остров Мартиник и работел во полициското седиште неколку години. Тој пред десет години го прифатил исламот како своја религија.

Минатата недела три извора блиски до полицијата открија дека француската полиција повторно отворила внатрешна истрага против висок полициски службеник под сомнение за фаворизирање на исламот.