Турција досега не испратила војници во Либија како поддршка за меѓународно признатата влада, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и додаде дека Анкара досега само распоредила воени советници и инструктори.

Ердоган минатата недела соопшти дека Турција почнува да испраќа војници во Триполи.

Денеска, на враќање од самитот за Либија во Берлин, Ердоган рече дека напорите на Турција на состанокот создале основа за примирје помеѓу завојуваните страни, информира турската телевизија НТВ.

Тој додаде дека присуството на Турција во Либија ги зголемило надежите за мир.