Турција, Русија и Иран ќе тргуваат со своите национални валути

131

Турција, Русија и Иран планираат да стават крај на хегемонијата на американскиот долар при тргувањето.

Трите земји се договорија да ги спроведат меѓусебните трговско-економски операции преку плаќање со националните валути, изјави претседателот на иранската Централна банка, Абдуннасер Химети.

Според него, во блиска иднина шефовите на централните банки ќе одржат заедничко советување, на кое ќе го разгледаат меѓусебниот договор.

Химети истакна и дека планираат во најбрзо време трите земји да преминат со плаќање во своите национални валути при трговски и економски размени. Трговските операции и плаќања ќе се вршат според фиксен курс на паричните единици.