Турција предложи решение за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

239

Турција и предложи на Русија конфликтот во Нагорно-Карабах да се реши со испробан метод, по примерот на сирискиот модел, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Како што рече тој, би било добро што побрзо да се започне заедничка работа по тоа прашање, исто како што Москва и Анкара работеле во Сирија.

– Досега, овој конфликт не беше решен ниту на билатерално, ниту на мултилатерално ниво. Нерешениот конфликт само ја охрабрува Ерменија – рече тој, додавајќи дека Азербејџан предолго ја толерирал ерменската окупација.

Според Чавушоглу, прашањето може да се реши и ако Ерменија ги повлече своите трупи од територијата на непризнатата република Нагорно-Карабах.

Турскиот министер соопшти и дека на таа тема се одржал разговор со рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Чавушоглу претходно изјави дека Турција е подготвена да го поддржи Азербејџан и на бојното поле и на преговарачката маса.