Турција постигна историски договори со двете најголеми светски сили

293

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција за пет дена постигнала историски договори со двете најголеми светски сили, Русија и САД.

Тој за агенцијата „Анадолија“ изјави дека турската операција „Извор на мирот“ претставува пресвртница за иднината на Сирија.

– Турција за пет дена постигна историски договори со двете најголеми светски сили кои го прифатија легитимитетот на операцијата – рече министерот.

Чавушоглу додаде дека Турција со своите напори успеала да спречи формирање на терористичка држава во северниот дел на Сирија.