Турција негира дека соборила ерменски борбен авион

100

Претставник на турскиот претседател, Фахретин Алтун, негираше дека турски ловец соборил авион на ерменското Воено воздухопловство во воздушниот простор на Ерменија.

Веста ја демантираa и од Министерството за одбрана на Азербејџан, јави „Спутник“.

Претходно, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека турски ловец Ф-16 соборил ерменски авион Су-25, а дека пилотот загинал.

Според соопштението на ерменското Министерство, турскиот ловец полетал од аеродромот од градот Гјанџа како поддршка на азарбејџанската авијација која гаѓала населени места во Ерменија.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, претходно денеска рече дека Анкара е спремна да му даде поддршка на Баку и на преговарачката маса, но и на бојното поле.