Турски војник загина во воената акција во Сирија

58

Еден турски војник загина, а еден е повреден за време на напад на Единиците за заштита на народот во градот Тел Абјад, североисточна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека припадници на Единици за заштита на народот со противтенковско и лесно оружје ги нападнале турските војници кои извршувале извидувачки и набљудувачки мисии во градот.

Турското Министерство за одбрана истакна дека е одговорено на нападот, како и оти Анкара и покрај насилството останува посветена на договорот за примирје.

Турција и САД во четвртокот договорија привремено примирје во рок од пет дена, додека курдските сили не се повлечат од „безбедносната зона“.