Турската Црвена полумесечина гради два кампа за бегалци

601

Турската Црвена полумесечина гради два нови кампа за Сиријците, кои побегнаа од Источна Гута, соопшти претставникот на организацијата Кадир Гундуз.

Тој изјави дека во сириските градови Азаз и Идлиб се градат кампови со капацитет од 500 и 1.200 места.

– Планираме да изградиме уште бегалски кампови. Се додека постои потреба од дополнителни легала, ние ќе продолжиме да градиме кампови – додаде Гундуз.