Турската полиција уапси обвинители што сакале да пребегаат во Грција

889

Турската полиција го уапсила Џафер Килинд, обвинител од Измир обвинет за врски со Фетулах Ѓулен, при обид да премине во Грција во реонот на округот Еврос, јави грчкото електронско издание Thestival. gr, повикувајќи се на информација објавена во турскиот весник Хуриет.

Во информацијата уште се додава дека биле приведени и други обвинители кои исто имале намера да пребегаат во Грција.