Турската војска воспостави контрола над сирискиот град Рас ал-Ајин

123

Турската војска денеска воспостави контрола над сирискиот пограничен град Рас ал-Ајин, пренесуваат медиумите.

Турските трупи и опозициските единици кои се борат против сириската армија влегоа во Рас ал-Ајин, откако единиците на коалицијата на Сириските демократски сили се повлекоа од градот.

Претходно, Демократските сили, формирани околу курдските вооружени групи, започнаа да се повлекуваат од Рас ај – Ајин, како што беше договорено со САД, пренесе „ТАСС“.

Анкара не се откажува од воспоставувањето „безбедносна зона“ во северните региони на Сирија, долж границата, каде бегалците од Турција би можеле да се вратат.

САД и Турција постигнаа договор да ја прекинат борбената операција на 17 октомври за период од 120 часа за да им се овозможи на курдските единици на Сириските демократски сили да имаат време да ја напуштат пограничната „безбедносна зона“.