Турската армија убила осум припадици на ПКК во северен Ирак

32

Турската армија соопшти дека во денешните воздушни напади во северен Ирак убиени се најмалку осум припадници на Курдската работничка партија (ПКК).

Како што јави агенцијата Анадолија, турскиот Генералштаб истакна дека „терористите се неутрализирани во регионите Хафтанин и Гара во Северен Ирак“.

Според Генералштабот, терористите планирале напади врз турските воени бази.