Труењето со храна во индиски храм предизвика трагедија

97

Најмалку единаесет лица, меѓу кои две деца, починаа денеска од труење со храна послужена во храм во јужната индиска држава Карнатака, соопшти полицијата.

Од масовното труење, како што го окарактеризира полицијата, 90 лица се во болница со дијареа, повраќање и проблеми со дишењето.

Медиумите во Индија известуваат дека труењето со храна е поради одредени пестициди, но полицијата смета дека е премногу рано да се даваат заклучоци за причините за труењето.