Тројца Хрвати уапсени во Италија поради препродавање скапоцени предмети

46

Италијанската полиција соопшти дека во голема акција за разбивање синџир на препродавачи на скапи предмети во покраината Торино, уапсени се тројца Хрвати. Се работи за две жени и маж кои се во роднинска врска.

Во претресот на нивната куќа биле пронајдени голем број скапоцени предмети во вредност од околу 90.000 евра, а полицијата објавила и видеоснимка.

Меѓу другото, биле најдени и 1.700 евра готовина, неколку часовници „Ролекс“, „Картие“ „Булгари“, „Ивес“ и многу други, а исто така е пронајдена и виолина од 1713 година.