Три големи пожари беснеат во Португалија

72

Околу илјада пожарникари учествуваат во гаснење на три големи пожари во централниот дел на Португалија, а од безбедносни причини властите наредија делумна евакуација на едно село.

Едно лице се здобило со тешки изгореници од прв и втор степен и со хеликоптер веднаш било префрлено во болница во Лисабон. Повредени се и седуммина пожарникари.

Гаснењето на огнот го отежнува силниот ветер кој од вчера попладне дува во Кастело Бранко, дистрикт кој е 225 километри оддалечен од Лисабон.