Трамп: Џонсон ќе биде одличен премиер

44

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му го честита на Борис Џонсон изборот за нов премиер на Велика Британија.

– Му честитам на Борис Џонсон за тоа што стана нов премиер на Обединетото Кралство. Ќе биде одличен – напиша Трамп на Твитер.

Џонсон денеска беше избран за нов претседател на Конзервативната партија, а со самото тоа и за нов премиер на Велика Британија.