Трамп ќе се сретне со Макрон и Меркел на НАТО самитот во Лондон

106

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе се сретне со францускиот колега Емануел Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел, на маргините на самитот на НАТО во Лондон, следната недела, соопшти денеска Белата куќа.

Самитот во Лондон ќе се одржи во вторник и среда, а предвидено е Трамп да се сретне и со британскиот премиер, Борис Џонсон, јави агенцијата АП.

Самитот се одржува набрзо откако Трамп рече дека некои членки на НАТО издвојуваат многу малку средства за одбрана.