Трамп ја проширува листата со земји на чии државјани им е забранет влезот во САД

87

Американскиот претседател Доналд Трамп најави додавање на земји на листата, на чии државјани им е забранет влезот во САД или имаат големи рестрикции за влез.

Трамп истакна дека неговата администрација се подготвува да додаде неколку земји на неговата спорна листа на земји, на чии државјани им е забрането патувањето во САД или кои имаат големи рестрикции за влез во САД.

– Додаваме неколку земји на таа листа. Треба да останеме безбедни. Нашата земја треба да биде безбедна – рекол Трамп во Давос на маргините на Светскиот економски форум, наведувајќи дека имињата на тие земји многу наскоро ќе бидат објавени.

„Вол стрит џурнал“ објави дека администрацијата на Трамп е подготвена да додаде седум африкански и азиски земји на тој список, меѓу кои и африканската земја Нигерија, која има најголем број на луѓе.