Трамп ја навести можноста за камбек во неговиот проштален говор

154

Трамп последен пат и се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се прости од нацијата со проштален говор, но таму не го дочека ниту еден од угледните функционери.

Трамп зборуваше пред неколку приврзаници, како што објавија американските медиуми. Тој ги пофали своите достигнувања, не го спомна Џо Бајден, но исто така се воздржа од оспорување на изборните резултати.

Таму не беше потпретседател Мајк Пенс, кој се извини поради обврските за инаугурацијата на Бајден, ниту лидерите на републиканците во долниот и горниот конгрес на САД, Мич Меконел и Кевин Мекарти, кои беа во катедралата на мисата на покана на идниот американски претседател Бајден.

Поканите за испраќање на Трамп беа испратени до неговите поранешни соработници кои беа со него за мандатот, вклучително и оние кои го критикуваа.

– Да не нè погодеше пандемија, ќе имавме економски бројки како никогаш порано. Берзата е на повисоки нивоа отколку порано. Економијата ја изградивме двапати. Ќе видите неверојатни бројки во иднина – рече тој.

„ Ние ја имаме најголемата земја и најдобрата економија во светот. Пандемијата нè погоди силно, исто како и целиот свет. Направивме нешто што се смета за медицинско чудо, а тоа е вакцината против ковид. Ние ја развивме за 9 месеци наместо за пет години. Наскоро доаѓа друга вакцина. Збогум, ве сакаме, ќе се вратиме во некоја форма. Им благодарам на Мајк Пенс и неговата сопруга Карен. Му благодарам на Конгресот или барем на некои елементи на Конгресот. Благодарност до сите големи луѓе во Вашингтон со кои работевме. Имајте добар живот и ќе се видиме наскоро”, заклучи тој.