Трамп: Финците со гребла се борат против шумските пожари

189
Финците се потсмеваа на социјалните мрежи со изјавата на Трамп, „чистејќи“ ги шумите на различни начини

Финскиот претседател Саули Нинисто ги отфрли тврдењата на неговиот американски колега Доналд Трамп дека Финска со гребла ги решава проблемите со шумските пожари. Нинисто изјави дека не се сеќава оти на Трамп му кажал дека неговата земја на таков начин се справува со шумските пожари.

– Јас гребам само во мојот двор, а можеби Трамп помисли на гребење кога ги виде пожарникарите во Калифорнија како ги чистат изгорените делови на земјата – порача финскиот претседател.

Како што пренесува Си-ен-ен, Трамп предизвика збунетост кај американската јавност во текот на викендот, кога при посетата на една од локациите уништени во шумските пожари во Калифорнија изјави дека Финска троши многу време на „гребење“, односно собирање на паднатите шумски лисја, како еден од начините за избегнување на пожарите.