Трамп: Турската офанзива на Сирија е лоша идеја

82

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска соопшти дека САД не ја поддржуваат воената операција на Турција во Сирија, потенцирајќи дека овој напад е лоша идеја.

– Утрово, Турција, членка на НАТО, ја нападна Сирија. Соединетите Американски Држави не го одобруваат овој напад и ѝ ставија на знаење на Турција дека оваа операција е лоша идеја. Нема американски војници во областа. Од првиот ден кога влегов во политичката арена, јасно ставив до знаење дека не сакам да се борам во оние бескрајни, бесмислени војни,  особено оние од кои САД немаат корист – се посочува во пишаната изјава на Трамп.