Трамп телефонски разговараше со Ердоган, добил уверување дека ќе го почитува примирјето

76

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека во телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган добил уверување дека ќе го почитува примирјето во Сирија, кое започна синоќа.

– Штотуку разговарав со Ердоган … Тој навистина сака примирјето или прекинот на огнот да функционира – објави Трамп на Твитер, додавајќи дека тоа го сакаат и сириските Курди.

Трамп посочи дека некои европски земји, без да прецизира кои, ќе можат да ги преземат џихадистите приведени во Сирија.

– Тоа е добра вест. Постигнат е голем напредок – додаде американскиот претседател.

Синоќа стапи на сила примирје за да можат Курдите да се повлечат од североисточна Сирија.