Трамп тврди дека со негов импичмент би се урнала берзата

43

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека пазарите ќе доживеат крах ако тој биде отстранет од функцијата.

– Ако некогаш ме отповикаат од функцијата, мислам дека пазарите ќе се урнат. Сметам дека потоа сите ќе бидат многу сиромашни. Се ослободив од прописите. Намалувањето на даноците  беше огромна работа – изјави претседателот во интервју за Фокс њуз.