Трамп тврди дека собоениот дрон е ирански

52

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД собориле ирански дрон, кој претставувал опасност за американски брод во Ормускиот Проток.

– Нема сомнеж, го собривме – категорично изјави Трамп.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, исто така, нагласи дека не треба да постои сомнеж оти тоа било ирански дрон.

Претходно, иранското Министерство за надворешни работи демантираше дека САД собориле ирански дрон, туку дека тоа било американско беспилотно летало.