Трамп размислува за намалување на производството на нафта во САД

77

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не ја исклучува можноста, ако е потребно, САД да го намалат производството на нафта по сличниот можен потег на ОПЕК+ за намалување, пренесува „Спутник“.

– Мислам дека се случува автоматски, но никој сè уште не ми го постави тоа прашање, така што ќе видиме што ќе се случиа – рече Трамп во понеделникот.

Изјавата доаѓа неколку дена откако Трамп рече дека не му е грижа за ОПЕК и дека ако треба да ги нивелира тарифите на увезената нафта што влегува во САД, тој ќе го стори тоа.

– Ќе сторам сè што е потребно за да ги заштитам работните места во американската нафтена индустрија – рече Трамп, додавајќи дека има доверба во енергетскиот бизнис во САД и посочувајќи ја својата земја како најголем производител во светот во моментот.

Ова уследи по твитот на Трамп минатиот четврток дека очекува Саудиска Арабија и Русија да се договорат за намалување на производството на нафта за 10 до 15 милиони барели на ден на состанокот на ОПЕК + закажан за 9 април.

Рускиот претседател Владимир Путин, од своја страна, минатата недела изјави дека производството на нафта може да се намали за приближно 10 милиони барели на ден, додавајќи дека Москва бара долгорочна стабилност на нафтениот пазар и ќе продолжи да соработува со своите партнери од Саудиска Арабија.

На 6 март, земјите од ОПЕК + не се договорија за продолжување на договорот за ограничување на производството на нафта. Ограничувањата беа укинати откако договорот истече кон крајот на март, што доведе до колапс на пазарот со глобалниот пад на побарувачката поради тековната пандемија на ковид-19.

Русија повика на напуштање на намалувањето на производството на претходно договорените нивоа, а Саудиска Арабија и нејзините сојузници бараат дополнителни намалувања, потег што беше проследен со одлуката на саудиското Министерство за енергетика да го зголеми дневниот производствен капацитет на кралството на 13 милиони барели нафта од сегашното ниво од 12 милиони барели.