Трамп побара од Помпеo да го одложи патувањето во Северна Кореја

78

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од државниот секретар Мајк Помпео да го одложи патувањето во Северна Кореја, бидејќи, според него, денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров оди бавно.

– Побарав од државниот секретар Мајк Помпео да не оди сега во Северна Кореја, бидејќи чувствувам дека нема доволно напредок кога станува збор за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров – напиша Трамп на Твитер.

Помпео вчера назначи свој специјален советник за Северна Кореја и соопшти дека следната недела заедно ќе го посетат Пјонгјанг.