Трамп побара американските компании да ја напуштат Кина

125
Средбата меѓу лидерите на САД и на Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, е еден од најочекуваните настани на Г20, бидејќи двете сили се заглавени во тешка трговска војна

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека им наредил на американските компании да ја напуштат Кина, откако претходно Пекинг најави воведување на дополнителни царини на американските производи во вредност од 75 милијарди долари.

– Не ни треба Кина и искрено говорејќи би ни било подобри без нив. Мора да се стави крај на крадењето од САД и парите кои Кина ги заработи од нас – напиша Трамп на Твитер.

Според твитовите на Трамп, на силните американски компании им е наредено веднаш да почнат да бараат замена за Кина, вклучувајќи ја и опцијата да се вратат дома и да работат во САД. 

Не е јасно според кој закон, Трамп би можел да им нареди на американските комапнии да прекинат да произведуваат во Кина или да сопрат со набавка на одредени производи од оваа земја.