Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

59

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во вредност од осум милијарди долари, соопштија неименувани американски официјални претставници.

Таквиот потег дополнително ќе ги зголеми тензиите со Кина. Зделката со авионите Ф-16 е спорна бидејќи Кина е жестоко против каква било продажба на оружје на Тајван, а посебно против продажба на најмодерни авиони-ловци.