Трамп одобри помилување на неговиот поранешен советник за национална безбедност

70

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го толкуваат како негов последен потег во претседателскиот мандат.

„Голема чест е да објавам дека на генералот Мајкл Т. Флин му се гарантира целосно помилување. Честитки за генералот Флин и неговото прекрасно семејство“, напиша Трамп на својот Твитер профил и им посака среќни празници.

Флин е вториот соработник на Трамп на кого претседателот му даде помилување откако беше осуден во процесот за руско влијание на претседателските избори во 2016 година, пренесува АП.

Претходно, американскиот претседател го помилува Роџер Стоун, неговиот долгогодишен близок соработник, само неколку дена пред Стоун да се јави за издржување на затворската казна.