Трамп: Ниту една земја не ми помага да победам на изборите

110

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ниту една земја не се обидува да му помогне да победи на изборите.

Трамп ова го кажа неколку дена откако високи разузнавачки извори на конгресмените во претставничкиот дом им кажаа дека Русија се меша во претседателските избори што ќе се одржат годинава за Трамп да може да освои нов мандат, пренесе „Ројтерс“.

– Не сакам помош од ниту една земја и не ми помогнала ниту една земја – рече Трамп пред новинарите на прес-конференција во Индија.

Американските претставници исто така наведоа дека Русија пласира дезинформации и пропагандна кампања за да му помогне на сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој се бори за номинација за претстедателска кандидатура од редовите на демократите.